Ellen Jenny & Tose Proeski together on stage (Swiss, 2003)
by on mars 7, 2003 in

On the stage with the biggest macedonian star Tose Proeski.

« Тоше го запознав во Швајцарија кога во 2003 испеав со него две песни во дискотеките « Pink » во Цуг и « Palma » во Берн. Морам да признаам дека чувството да бидеш до една голема ѕвезда, еден таков извонреден талент како Тоше, е прекрасно. Целата моја екипа од продукцијата Мув Манте ја знае неговата тажна приказна, но знаат секако и каков извонреден човек беше тој и колку ја сакаше песната, луѓето и својата земја Македонија. Сеуште се сеќавам на тошевите зборови тој ден кога му реков дека сум новинар, тој ми рече « Ти девојко си ја згрешила струката », а сеуште бевме на сцена, само што ја испеавме песната Немир » – Ellen Jenny

 

Laisser un commentaire

Ellen Jenny © 2014